Македонија

ВИДЕО: Дронови летаат над Чаир, акцијата на МВР сè уште во тек

ВИДЕО: Дронови летаат над Чаир, акцијата на МВР сè уште во тек

Во големата полициска акција која од попладнево ја спроведува МВР се користат и полициски дронови.

Според досегашните информации, спроведени се неколку претреси на локации во Скопје и Велес, а има и приведени лица.

ТВ21 вечерва објави дека акцијата требало првично да биде спроведена во вторникот, но истата била пробиена. Плусинфо пишува дека била пробиена од член на ДУИ.

Вечерва метеж има и на граничниот премин Блаце, за каде имало информации дека дел од лицата кои биле на мета за апсење требало да бегаат. Формирани се километарски колони.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни