Македонија

МВР сподели детали: Криминалецот кој на дрво бегаше од полицијата, бил лице со психички проблеми, претходно ги вознемирувал станарите!

МВР сподели детали: Криминалецот кој на дрво бегаше од полицијата, бил лице со психички проблеми, претходно ги вознемирувал станарите!

Полицијата попладнево објави повеќе информации за инцидентот кога осомничен криминалец, во обид да избегне полициска потера, се качил на дрво во скопската населба Дебар Маало.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера, во 15 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Благој Давков“ во Скопје се наоѓа машко лице, најверојатно со психички нарушувања, кое тропало по вратите на становите и вознемирувало станарите.

„Веднаш биле испратени полициски службеници на терен, а кога осомничениот ги забележал, се качил на дрво на висина од 15 метри. По некое време, се симнал доброволно“, стои во полицискиот извештај.

Идентификувано е дека лицето се вика Д.Б., и по добиената медицинска помош на лице место од екипа на Итната помош, било пренесено во здравствена установа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни