Македонија

ДУИ: 5 починати деца за помалку од два месеци, време е за одговорност!

ДУИ: 5 починати деца за помалку од два месеци, време е за одговорност!

Од ДУИ велат дека смртта на уште едно  дете во Детската клиника  е трагедија која не смее да помине без одговорност. 

„Ова е петти пат како слушаме за загуба на дете за помалку од два месеци, додека здравствениот систем е оставен на автопилот, а министерот за здравство се занимава со партиски агенди. 

Од едно интервју до друго, министерот е повеќе во партиските игри отколку во министерството, додека нашите најмили ја плаќаат цената на некомпетентноста и негрижата. 

Ова го премина секој праг на хуманото и прифатливото.

Во име на одговорноста кон граѓаните, бараме итна оставка на директорот на Клиниката и министерот за здравство.

Невидената неспособност и неодговорност веќе ги одзема животите на нашите најмили. 

Ова е аларм кој не смее повеќе да се игнорира!“, велат од ДУИ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни