Македонија

В сабота во Скопје нема да има еспресо

В сабота во Скопје нема да има еспресо

Од утре петок во 22 часот Скопје ќе остане без вода. Од дежурниот центар на ЈП „Водовод и канализација“ велат дека затворањето на главната водоводна цевка ќе почне утревечер, а на санирање на дефектите ќе се работи во сабота сѐ до нивно поправање. Колку точно време главниот град ќе биде без вода не се знае.

Жителите реагираат дека санацијата се врши за време на викенд, кога повеќето се дома, а нема информации за поставување цистерни со вода. Одложени се и сите операции во Клиничкиот центар, освен итните, поради недостаток на вода.

Инаку, скопјани масовно купуваат флаширана вода, во дел од маркетите веќе нема големи шишиња вода, додека граѓаните прават залихи за пиење и хигиена.

Според „Водовод и канализација“, вода ќе има само во населбите на левата страна од Вардар, како Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Автокоманда и други. Населбите на десната страна ќе останат без водоснабдување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни