Вкупниот број македонски државјани регистрирани како странци кои живеат во Германија заклучно со декември минатата година изнесувал 156.845 лица, што е двојно повеќе отколку пред десет години кога во оваа земја имало околу 77.000 лица од Македонија, покажуваат податоците на германскиот Федерален завод за статистика, пишува Блумберг Адриа.
Ако се земе предвид дека Германија има хроничен недостиг од работници и поради тоа континуирано ги олабавува условите за вработување на странски државјани извесно е дека бројот на македонски граѓни кои ќе заминат на работа во оваа земја ќе продолжи да се зголемува.
А како ќе се одрази тоа на македонскиот пазар на труд?