Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 75 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претежно облачно. Претпладне со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите од дожд ќе преминуваат во снег со слаб интензитет. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и потоа преку ноќта. Од понеделник
под влијание на циклонска активност и студен воздух од северозапад ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд. Особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка, а снег ќе има понекаде и во пониските места. Нови врнежи претежно од снег се очекуваат во средината на работната недела.