Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека има многу информации за тоа каде е екс вицепремиерот и сегашен бегалец Артан Груби.
Како што вели, не би шпекулирал дали е во Албанија или во Косово, но факт е дека не бил чист како солза.
„Ако бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност“, порача Мицкоски.