Македонија

Клиника за ТОАРИЛУЦ: Доволен број дежурни екипи во пресрет на новогодишната ноќ

Клиника за ТОАРИЛУЦ: Доволен број дежурни екипи во пресрет на новогодишната ноќ

Во пресрет на новогодишната ноќ, Клиниката за ТОАРИЛУЦ информира дека е организирана со зголемен број дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита за граѓаните, објави МИА.

– Подготвени сме за обезбедување на неопходната здравствена услуга кај итни и неодложни пациенти, вклучувајќи и пациенти со евентуални несакани последици при прославата на новогодишната ноќ. На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни празници и мирно и достоинствено прославување на новогодишната ноќ, како и умерено консумирање храна и алхохолни пијалаци, информираат од Клиниката за ТОАРИЛУЦ.

Оттаму апелираат до граѓаните да не користат пиротехнички средства заради можност од сериозни телесни повреди кои може да предизвикаат инвалидитет.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни