Македонија

МВР со први детали за убиството во Тетово: Таткото пронајден во бессознание, синот со прострелна рана во главата

МВР со први детали за убиството во Тетово: Таткото пронајден во бессознание, синот со прострелна рана во главата

Попладнево околу 18:50 часот, во домот на улица во Тетово се случила трагедија што го потресе градот. 39-годишниот С.Н. е пронајден без знаци на живот со рана од огнено оружје во главата.

С.Н. живеел со својот татко, кој во моментот на настанот бил пронајден во бессознание. Итната медицинска помош веднаш го пренела таткото во Ургентниот центар во Тетово, каде што лекарите се борат за неговиот живот.

4NEWS.mk дознава дека полицијата се сомнева дека убиството е извршено пред два дена, бидејќи според неофицијални информации како што дознаваме, пријател на жртвата пријавил во полиција дека го нема два дена и дека не се јавува на телефон.

Во собата каде што бил пронајден С.Н. била откриена ловечка пушка, која најверојатно е поврзана со настанот. Во координација со јавниот обвинител, полицијата спроведува детална истрага за да ги утврди причините и околностите на трагедијата.

Локалните жители се во шок, опишувајќи го С.Н. како мирен човек кој не привлекувал внимание. Случајот останува под истрага, додека јавноста чека на официјални информации од надлежните органи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 4NEWS.mk (@4news.mk)

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни