Македонија

Гест за паметење: Капитенот Кузмановски купил 40 билети за оние кои немале за вчерашниот натпревар

Гест за паметење: Капитенот Кузмановски купил 40 билети за оние кои немале за вчерашниот натпревар
North Macedonia vs Guinea, 29th IHF Men’s World Championship 2025, Varazdin, Croatia, 19.01.2025, Mandatory Credit © Jure Erzen / kolektiff

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман во следната фаза на тековниот Мундијал што се одржува во Вараждин, Хрватска. Во клучниот дуел вечерва, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја совладаа селекцијата на Гвинеја и со освоен бод од оваа фаза се пласираа понатаму.

Поддршката за нашите ракометари на овој турнир е на највисоко ниво. Популарната Фаланга е неизоставен дел од атмосферата и синоќа беше на висина на задачата, пренесувајќи го духот на Македонија во арената.

Но, вечерта ја одбележа и еден потег кој предизвика восхит. Нашиот капитен, Филип Кузмановски, пред мечот против Гвинеја, обезбеди четириесет билети од сопствени средства за навивачи кои немале можност да ги набават за вчерашниот натпревар.

Оваа несебична акција е вистински пример за лидерство и љубов кон татковината. Кузмановски, кој со години е симбол на борбеноста и посветеноста во националниот дрес, уште еднаш покажа дека е капитен во вистинската смисла на зборот.

Македонските ракометари продолжуваат понатаму, а со ваква поддршка од навивачите и ваков дух на тимот, сигурни сме дека успехот нема да изостане.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни