Македонија

Сведокот Гоце Трајковски не ја примил поканата за денешното судење за убиствата на Вања и Панче

Сведокот Гоце Трајковски не ја примил поканата за денешното судење за убиствата на Вања и Панче

На денешното рочиште за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, судијата Ивица Стефановски констатираше дека клучниот сведок, Гоце Трајковски, не ја примил поканата да се појави пред судот и не се наоѓа на познатата адреса.

И покрај неговото отсуство, обвинителката нагласи дека обвинението не се откажува од барањето Трајковски да сведочи и дека има можност тој да биде испитан до крајот на постапката.

Гоце Трајковски е важен сведок во случајот, бидејќи тој обезбедил снимки кои ја прикажуваат возилото „Цитроен“ на Панче Жежовски, со кое подоцна беше грабната Вања Ѓорчевска. Снимките играат клучна улога во доказната постапка и можат да биде пресудни за исходот на случајот.

Судењето продолжува, а судот ќе се обиде да ги најде начините за вклучување на сведокот во процесот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни