Министерството за внатрешни работи, преку Бирото за јавна безбедност, спроведува акција за откривање на фалсификувани пари.
Според неофицијални информации, во акцијата се вклучени полициски тимови од повеќе градови, а се забележани и припадници на Европол и Интерпол кои соработуваат со македонската полиција.
Активностите се фокусирани на запленување на фалсификувани евра и откривање на меѓународна криминална мрежа која делува во неколку земји.
Исто така, истрагата вклучува откривање на можни домашни печатници за фалсификувани пари.