Македонија

Серија апсења утринава низ Скопје, се разбива криминална мрежа на вработени во затворите!

Серија апсења утринава низ Скопје, се разбива криминална мрежа на вработени во затворите!

Нова акција утринава се спроведува во Скопје, дознава 4news.mk.

Според првичните информации, се апсат сегашни и поранешни вработени во затворите кои работеле незаконски и формирале организирана криминална мрежа.

Неофицијално, меѓу осомничените е и поранешниот директор на затворот Скопје во Шутка, Филип Андонов Сокол, како и неговиот заповедник.

Лицата опфатени со оваа акција се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластување, овозможување бегство на лице лишено од слобода, противзаконско ослободување на лице лишено од слобода и соизвршителство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни