Македонија

ЗАГИНА ПЕШАК: Тешка несреќа на патот Прилеп – Битола

ЗАГИНА ПЕШАК: Тешка несреќа на патот Прилеп – Битола

На 26.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека околу 19.30 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на надвозник на Технолошко индустриската развојна зона Прилеп, товарно возило „ман” со скопски регистарски ознаки со полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот О.Б.(74) од с.Беровци, прилепско.

Од здобиените повреди на местото починал пешакот О.Б., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни