Македонија

ВНИМАНИЕ! Нов фишинг напад, овој пат се претставуваат како да се од Електрани на Северна Македонија

ВНИМАНИЕ! Нов фишинг напад, овој пат се претставуваат како да се од Електрани на Северна Македонија

Утрово на голем број е-маил адреси низ Македонија пристигна е-маил за кој се тврди дека е од Електрани на Северна Македонија. Но ако подобро се погледне, ќе се сфати дека станува збор за маил испратен од recaudacion@villacarlospaz.gov.ar

Искористена е е-маил адресата на Општина Вила Карлос Паз – Линиерс 50 (5152) – Вила Карлос Паз – Кордоба – Аргентина.

Во испратениот е-маил има и прилог со наслов: слика_Whatsapp_2025-03-13.img
(~196 KB)

Засега нема реакција од ЕСМ за овој фишинг.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни