Македонија

Младиот кошаркар Петар Ивановски меѓу загинатите во Кочани

Младиот кошаркар Петар Ивановски меѓу загинатите во Кочани

Меѓу 59-те жртви од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани е и младиот кошаркар Петар Ивановски.

Неговиот тим од КК Дино Баскет се прости од него.

„Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија.

Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот.

Тагата е преголема, сочувство до семејството“, напишаа тие.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни