Македонија

ФК Шкупи тагува по играчот Лазаров: Тренинзите и остатокот од сезоната ќе ни бидат најтешките досега, но ќе играме за него!

ФК Шкупи тагува по играчот Лазаров: Тренинзите и остатокот од сезоната ќе ни бидат најтешките досега, но ќе играме за него!

ФК Шкупи тагува по својот играч Андреј Лазаров.

Како што велат, со голема празнина и бескрајна болка по загубата на Андреј Лазаров, денеска се обиделе да се вратат во тренажниот процес, но сепак играчите барале да се откаже.

„Тренинзите и остатокот од сезоната ќе ни бидат најтешките досега, но ќе играме за него, со него и во негова чест. Андреј секогаш ќе биде дел од нашето семејство!“, велат од таму.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни