Македонија

ВИДЕО Полицијата го казни возачот кој возеше по тротоар во Скопје

ВИДЕО Полицијата го казни возачот кој возеше по тротоар во Скопје

На 31.03.2025 полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа и извршија службен разговор со Л.М. од Скопје, затоа што со патничко возило “ауди” со скопски регистарски таблички на 28.03.2025 се движел по тротоар и по зелена површина на бул. “Гоце Делчев” на Бит Пазар во Скопје и со тоа ја загрозил безбедноста на пешаците.

Снимка од настанот беше споделена и на социјалните мрежи.

Против Л.М. се поднесени соодветни поднесоци.


Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни