Македонија

Таравари: Две држави понудија „посериозна и подолготрајна“ терапија за повредените од Кочани

Таравари: Две држави понудија „посериозна и подолготрајна“ терапија за повредените од Кочани

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска истакна дека две држави понудиле да пружат „посериозна и подолготрајна“ терапија за пациенти од пожарот во Кочани.

„Два центри каде што работиме да биде рехабилитацијата на пациентите се: едниот Ковид-центар во ГОБ „8 Септември“ и вториот ќе биде Институтот за рехабилитација и физикална медицина во Козле. Тие ќе бидат два главни центри. Да се надеваме што помалку пациенти ќе има што ќе им треба подолготрајна рехабилитација. На тие на кои ќе им треба и посериозна и подолготрајна, веќе имаме понуди од две држави“, информираше Таравари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни