Македонија

Која партија ги кочи реформите во судството? СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за законот за СЈО

Работните групи на власта и опозицијата ги прекинаа преговорите за Законот за Јавно Обвинителство, за да продолжат на 15 август, но двете партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска меѓусебно се обвинија за блокирање на реформите во судството. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изрази оптимизам дека Владата ќе ги прифати нивните предлози.

СДСМ излезе со критики во врска со претставникот на ВМРО-ДПМНЕ во преговорите за Законот за ЈО, Антонио Милошовски, кој според Костадин Костадинов е осомничен во случајот „Моќникот“.

„Само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против правдата, ги кочат реформите во судството и Законот за јавно обвинителство.  На преговорите што се водат за овој закон, ВМРО-ДПМНЕ за свој претставник го испрати Антонио Милошоски, осоминчен во случајот „Моќничќ“ и главен дезинформатор во белиот дворец. Наместо да побара веднаш оставка, Христијан Мицкоски го топори Милошоски со што потврди уште еднаш: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште се водат по инструкциите од Будимпешта, по насоките на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски“, вели Костадинов, портпаролот на СДСМ.

Инаку ставовите на Власта и опозицијата во врска со Законот за ЈО изгледа воопшто не се зближени. Освен за назначувањето на Рускоска, власта и опозицијата не се согласуваат ниту за понатамошната судбина на актуелниот тим и продолжувањето на предметите на СЈО.

Пратеникот Милошовски рече дека не се согласува Катица Јанева и нејзиниот тим под секоја цена да преминат во Обвинителството за организиран криминал, поради тоа што, според него, постојат сомнежи дека некои од нив се вмешани во случајот „Рекет“.

Дескоска рече дека не-одредувањето на судбината на обвинителите би довело до целосно демонтриање на двете обвинителства, што негативно би влијаело во продолжувањето на постапките, дури би довело до застарување на неколку од делата.

РЕПОРТЕР: АРТАН НУХИУ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни