Македонија

Следува реконструкција на Влада? ТВ21: Максим Димитриевски можен кандидат за министер за одбрана

Следува реконструкција на Влада? ТВ21: Максим Димитриевски можен кандидат за министер за одбрана

ТВ21 попладнево објави дека во пресрет на локалните избори, интензивно се водат преговори помеѓу коалициските партнери од владата, како и меѓу ВМРО-ДПМНЕ и движењето ЗНАМ, дознава ТВ21 од добро упатени извори.

Соговорниците брифираат дека се разгледува опција за соработка на локалните избори, но истовремено се отвораат и теми поврзани со можна реконструкција на Владата.

Според нашите информации, ВМРО-ДПМНЕ го побарало Министерството за правда, со оглед дека тоа моментално е во рацете на ЗНАМ. За возврат, би го отстапиле Министерството за одбрана, кое сега е раководено од ВМРО-ДПМНЕ, но под услов нов министер да биде Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово.

Читај повеќе на ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни