Македонија

Бараше дипломатски пасош, а сега судот и го одзеде и обичниот – која е антикорупционерката која издавала тајни на криминалци?

Бараше дипломатски пасош, а сега судот и го одзеде и обичниот – која е антикорупционерката која издавала тајни на криминалци?

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која пред некое време побара дипломатски пасош, сега остана и без обичниот.

Нејзиното име е вмешано во сериозни обвиненија за издавање на тајни на криминалци.

Инаку, Димитровска добила дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи, додека за другите членови не било дадено никаков одговор.

Таа тогаш објасни дека како функционерка имала легитимно право да го побара, со оглед на тоа што често учествува на настани во странство.

„Побарани се дипломатски пасоши за членовите на Комисијата, обезбеден е само за мене како нејзин претседател. За другите членови нема ни одговор дали ќе има дипломатски пасош. Легитимно право е на секој член да си побара, има институција која ќе цени дали им следува“, рече претседателката Димитровска.

Меѓутоа, нејзините дејствија сега почнаа да ја ставаат под сомнение.

Обвинителството ја гони дека наместо да ја исполнува својата должност и да го гони криминалот, Димитровска се вмешала во нелегални активности. Според обвиненијата, таа со умисла извршила повеќе поврзани дејства кои подразбираат откривање на тајни, што претставува сериозен прекршок на законите за спречување на корупција и судир на интереси.

Како претседател на ДКСК, од мај до декември 2024 година, Димитровска му давала на обвинет во предметот „Адитив“ тајни информации кои според законот се сметаат за службена тајна. Преку апликации како Viber и WhatsApp, таа му доставувала податоци за постапки, одлуки и проверка на имот на обвинети лица, кои биле дел од истрагата. Со овие дејства, таа ја нарушила доверливоста на институцијата и можела да предизвика штетни последици за тековните истраги.

Од Јавното обвинителство велат дека откривањето на службени тајни може да има сериозни последици за правосудниот систем и самите постапки што се водат пред обвинителствата и судовите.

Во контекст на овие обвиненија, судот го одзел и обичниот пасош на Татјана Димитровска, што дополнително ја потврдува сериозноста на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни