На повик на Германската амбасада, денес во Кочани пристигна конвој со хуманитарна помош од Германија, предводен од група пожарникари кои несебично донираа специјализирано противпожарно возило и значајна количина опрема на нивните колеги од Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Кочани.
Германските пожарникари, со високо ниво на пожртвуваност, земале одмор од нивните работни обврски и поминале речиси 3.000 километри за да ја достават донацијата лично. Со оваа акција, тие не само што обезбедија подобри услови за работа на кочанските пожарникари, туку испратија и силна порака на солидарност и пријателство.
Оваа донација претставува значителна поддршка за зајакнување на капацитетите на ДПД Кочани, а воедно и пример за тоа како преку соработка и добра волја се создаваат мостови помеѓу народите.