Македонија

Почина Николче Здравески, фудбалска легенда на Победа

Почина Николче Здравески, фудбалска легенда на Победа

Синоќа, на 54-годишна возраст, ненадејно почина поранешниот фудбалер на прилепска Победа, Николче Здравески.

Здравески како фудбалер го предводеше прилепскиот клуб до првата шампионска титула, а потоа и како тренер со Победа ја освои втората титула.

Тој речиси цела кариера ја мина во Победа, кратко време беше тренер и на тимот на 11 Октомври, а како фудбалер играше и за Вардар.

Има два настапа и за македонската репрезентација.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни