Денеска ќе има посебен сообраќаен режим низ Скопје.
Блокирани за сообраќај денеска ќе бидат улиците од пред Сојузот на Синдикати на Македонија , преку Собрание, Рекорд до Влада.
Од ЈСП пак информираат дека поради државниот празник автобусите сообраќаат по неделен возен ред, а жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе односно од 10 до 20 часот.