Македонија

Заврши средбата меѓу Мицкоски и Таравари – до крајот на месец мај ќе се знае дали АА останува во Влада!

Заврши средбата меѓу Мицкоски и Таравари – до крајот на месец мај ќе се знае дали АА останува во Влада!

Средбата што започна денеска во 17 часот меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, заврши без конкретна одлука, но, како што информираат од Владата, во конструктивен дух.

Од таму посочуваат дека разговорите ќе продолжат и во текот на овој месец, а до крајот на мај ќе се знае и иднината на партијата на Таравари во Владата.

Министерот Таравари за телевизија Сител изјави дека средбата била пријателска, додека премиерот Мицкоски, на средбата ги потврдил веќе јавно изнесените ставови и позиции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни