Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на Одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај изјави дека МВР спровело сеопфатна истрага за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и дека поднесени се кривични пријави против 70 сторители.
-Во случајот со трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, МВР спроведе сеопфатна истрата, поднесени се кривични пријави против 70 сторители меѓукои има и сегашни и поранешни министри, градоначалници, раководители, инспектори, полициски службеници и други носители на одговорност без заштита, без селективност, без двоумење, рече Тошковски.