Македонија

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова на 29 јануари на булеварот „Партизанска“ денеска во Основниот кривичен суд Скопје доби затворска казна од 12 години.

Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, откако судијката ја соопшти затворската казна за Васил тој ја напушти судницата. Пред да ја напушти судницата рече „судот мафија“.

Јованов без возачка дозвола, под дејство на алкохол и со брзина од 91 км/ч, удри во Кулакова на пешачки премин додека таа поминувала на зелено светло.

Од ударот, таа почина на лице место.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни