Македонија

ВИДЕО Во Кочани повеќе не маршира тишината – родителите на жртвите од „Пулс“ овојпат молкот го заменија со исвиркувања

ВИДЕО Во Кочани повеќе не маршира тишината – родителите на жртвите од „Пулс“ овојпат молкот го заменија со исвиркувања

Улиците на Кочани беа сведоци на марш за сеќавање и правда – марш што повеќе не беше тивок. Родителите, роднините и пријателите на трагично загинатите млади во дискотеката „Пулс“ повторно излегоа на улица, но овојпат молкот го заменија исвиркувања, знаци на гнев и пораки што одекнуваат гласно.

За разлика од претходните маршеви обележани со болна тишина, денешниот го отслика чувството на разочараност и огорченост. Почетокот на маршот беше намерно одложен – како симболичен одраз на задоцнетата реакција на институциите. Од почетната до крајната точка, граѓаните носеа јасна порака: трпението е исцрпено, а одговорноста за загубените животи – сè уште недостижна.

Со достоинство, но и решителност, маршот покажа дека оваа болка веќе не е тивка. Таа бара одговори, правда и конкретни чекори. Сочувството повеќе не е доволно – време е за одговорност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни