Македонија

ВИДЕО 12 катница во Чаир на диво приклучена на стрија и вода – Арсовска повтроно на терен

ВИДЕО 12 катница во Чаир на диво приклучена на стрија и вода – Арсовска повтроно на терен

Градоначалничката Данела Арсовска денеска повторно во Чаир каде лови дивоградби.

На видеото кое го објави на друштвените мрежи, вели дека извршиле контрола во 12 катница во Чаир и притоа било утврдено дека истата е дивоградба и дека нелегално е приклучена на струја и вода.

Дел од граѓаните кои веќе биле вселени во зградата им се заканувале на инспекторите и им ги издупиле гумите на автомобилите.

На објавеното видео се гледа дека има и полициска асистенција.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни