Градоначалничката Данела Арсовска обвини дел од медиумите дека „штитат организирана криминална банда“, директно таргетирајќи ги телевизиите Сител и Алфа.
„На 20 мај 2025 година, Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на Јасин Садики, врз основа на барање поднесено кога имал само 6 години – за зграда која наводно ја градел кога имал 5 години“, објави Арсовска.
Според неа, Јасин Садики е внук на Азем Садики – актуелниот градоначалник на Студеничани. „Веројатно Азем е горд на својот внук, кој веќе на 5 години почнал да гради, а на 6 веќе поднесувал документи во општина“, иронизира Арсовска.