Македонија

ВИДЕО Пожар на глисер во Студенчишкиот канал во Охрид

ВИДЕО Пожар на глисер во Студенчишкиот канал во Охрид

Пожар избувна на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид.

Станува збор за брз мотерен чамец, на кој пламенот се појавил веднаш по стартување на моторот од страна на сопственикот.

Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Охрид, пожарот е целосно изгаснат.

На помош на пожарникарите им се придружиле и припадници на Армијата.

Засега нема пријавено повредени или поголема материјална штета.

Се истражуваат причините за избувнувањето на огнот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни