Македонија

Денеска претежно сончево и топло, температурите до 35 степени

Денеска претежно сончево и топло, температурите до 35 степени

Денеска граѓаните ширум Македонија ги очекува претежно сончево и многу топло време. Според најавите на УХМР, утринските температури се движат од 15 до 22 степени, а максималните дневни достигнуваат од 30 до 35 степени Целзиусови.

Во попладневните часови можно е зголемување на облачноста во западните и југозападните делови од земјата, но врнежи не се очекуваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе се засилува во одделни региони.

Во Скопје, денеска преовладува сончево и топло време, со утринска температура околу 20, а максималната дневна се искачува до 34 степени.

Метеоролозите апелираат на внимателност поради високите температури, особено кај хронично болните, постарите лица и децата. Се препорачува внес на повеќе течности, избегнување престој на отворено во најтоплиот дел од денот и користење соодветна заштита од сонце.

Топлото и стабилно време продолжува и во следните денови, а според прогнозите, мало освежување се очекува кон крајот на неделата.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни