Македонија

Пожар беснее кај грчко-македонската граница

Пожар беснее кај грчко-македонската граница

Летото ги донесе првите пожари. Гори жито, трева, ниска вегетација, магацини, мешана шума. Ама и никако да ни се сменат навиките, бројни меѓу нив се ѓубришта од дивите депонии, кои се закануваат на ближни куќи и објекти.

Од ЦУК посочуваат дека во моментот низ земјава има два активни пожари од кој едниот во атарот на село Бешиште. Таму гори трева, борова и дабова шума и се шири по два крака од кој едниот кон соседна Грција. Загрижува, велат од ЦУК, тоа што има ризик од испукување на стари гранати.

Другиот во скопско Визбегово, иако ставен под контрола, сè уште тлее.

Од центарот апелираат граѓаните да не палат стрништа, отпад или огнови на отворено без контрола. Само со одговорно однесување, сметаат, може да се спречат пожарите кои се сериозна опасност за луѓето, имотот и природата.

Претходните денови земјава беше опфатена со пожари освен во Скопје и во кумановско, кичевско, велешко, прилепско и други места, дел од кои се под контрола.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни