Македонија

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ со нови барања до државата: Целосен видео и аудиозапис од судската постапка!

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ со нови барања до државата: Целосен видео и аудиозапис од судската постапка!

Здружението на граѓани „16 март 2025 – Кочани“, формирано од семејствата на жртвите во трагедијата во дискотеката „Пулс“, испрати допис до највисоките државни и правосудни институции со конкретни барања за поддршка и отчетност.

Во дописот, адресиран до премиерот Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието Африм Гаши и претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, родителите бараат исплата на законската финансиска помош, како и обезбедување институционална поддршка за погодените семејства.

– До Основното јавно обвинителство – Кочани доставивме барање да посредува за организирање средба со претставници од судска медицина во Скопје. Побаравме и целосен видео и аудиозапис од судската постапка – стои во соопштението од Здружението.

Здружението најави дека на 5 јули (сабота), во 18:05 часот, ќе се одржи дванаесеттиот „Марш за ангелите“ – симболичен протест и потсетување на институциите за одговорноста што ја носат. Настанот ќе биде посветен на сеќавањето на трагично загинатите млади и како израз на незадоволство поради, како што велат, бавната и неефикасна постапка против обвинетите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни