Македонија

Три хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце – можна причина фрлена цигара?!

Три хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце – можна причина фрлена цигара?!

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило “амарок” на ДЗС, дејствуваат како подршка на скопската БППЗ (Бригада за противпожарна заштита Скопје) која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце кој изби вчера во попладневните часови.

Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов овој пожар избил непосредно до магистралниот пат кон Блаце и можна причина е фрлен отпушок од цигара од возило во движење или намерно потпалување.

„Затоа, апелираме до граѓаните да се однесуваат совесно и никогаш да не фрлаат отпушоци од цигари надвор од возило, дури и тогаш кога се убедени дека се изгаснати.

Доколку забележите пожар веднаш јавете на бројот 112“, велат од ДЗС.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни