Македонија

ВИДЕО на 4NEWS.mk ја покажува големината на пожарот кај Блаце

ВИДЕО на 4NEWS.mk ја покажува големината на пожарот кај Блаце

Видео кое ја открива драматичната слика на пожарот што беснее во околината на Блаце, помеѓу селата Блаце и Чучер-Сандево.

Снимката, направена од височина, го прикажува разгранетиот фронт на огнот, кој се движи низ густата ниска вегетација и мешана шума, во стрмен и тешко пристапен ридско-планински терен.

Според информациите од терен, еден крак од пожарот е веќе изгаснат, но друг и понатаму останува активен и се шири. Интервенцијата на терен е отежната поради конфигурацијата на теренот и поволните услови за ширење на огнот – високи температури и ветер.

Во гаснењето се вклучени теренски екипи, како и воздушни сили, меѓу кои и авион Ер Трактор AT-802A Fire Boss на ДЗС и полициски хеликоптер Agusta-Bell AB-212AM.

Од надлежните служби повторно се апелира до граѓаните да бидат максимално внимателни, особено во близина на отворени површини и шуми, бидејќи дури и најмало невнимание може да предизвика катастрофални последици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни