Македонија

ВИДЕО Несреќа кај Мавровка – автобус со задниот дел закачи семафор!

ВИДЕО Несреќа кај Мавровка – автобус со задниот дел закачи семафор!

Инцидент се случи попладнево на една од најфреквентните скопски крстосници, во близина на трговскиот центар Мавровка.

Од видеото што го обезбеди нашата редакција, јасно се гледа дека автобусот со задниот лев дел (веројатно при вртење на лева страна) ја закачил основата на семафорот, а на тротоарот е видливо и оштетување на цементната подлога, што укажува на удар.

Зад автобусот има и паркирано автомобил.

Засега нема информации каква точно несреќа се случила и што ја предизвикало, како и дали има повредени.

На местото на настанот е полиција која врши увид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни