Македонија

Се појави нов пожар кај Мирковци, на 1 километар од првите куќи, ветерот и високите температури го отежнуваат гаснењето

Се појави нов пожар кај Мирковци, на 1 километар од првите куќи, ветерот и високите температури го отежнуваат гаснењето

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат за нов пожар кој избувнал на потегот кон Мирковци.

„Екипите заедно со месното население интензивно работат на теренот, особено на делот кај Кучевиште, со цел пожарот да се ограничи и да не се прошири кон Кучково и понатаму кон Ѓорче Петров.

Условите се отежнати поради топлиот ветер и високите температури, но се преземаат максимални мерки за негово пресекување и стабилизирање на состојбата“, велат од ЦУК.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни