Македонија

Бијат камбаните во Чучер Сандево, пожарот се заканува – општината бара прогласување вонредна состојба

Бијат камбаните во Чучер Сандево, пожарот се заканува – општината бара прогласување вонредна состојба

Општина Чучер Сандево свика вонредна седница на која едногласно беше донесена одлука да се побара од Владата прогласување вонредна состојба на територијата на општината, поради големиот шумски пожар што се шири кон населените места Глуво, Чучер, Кучевиште и Блаце.

Според градоначалникот на општината, противпожарната механизација присутна на терен не е доволна за справување со пожарите.

Од општината испратиле предлог и за меѓународна помош, а размислуваат и за евакуација на мештаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни