Македонија

ВИДЕО Состојбата со пожарот во Општина Чучер Сандево е алармантна!

ВИДЕО Состојбата со пожарот во Општина Чучер Сандево е алармантна!

Состојбата со пожарот во Општина Чучер Сандево е драматична и алармантна, а новите видео снимки што пристигнуваат од теренот откриваат страшни сцени – густи облаци од чад, високи пламени јазици и непристапни шумски површини зафатени од огнот.

Пожарот се приближува до населените места Глуво, Чучер, Кучевиште и Блаце. Поради ветерот и високите температури, пожарот брзо се шири, а теренот е исклучително тежок за интервенирање.

Противпожарните единици и месното население се на терен, но капацитетите се недоволни, а ситуацијата се влошува од час во час. Општината Чучер Сандево веќе побара од Владата прогласување вонредна состојба, а се разгледува и евакуација на жителите од најзагрозените области.

Од Центарот за управување со кризи велат дека се преземаат сите можни мерки за справување со огнената стихија, но ја повикуваат јавноста на максимална претпазливост и следење на упатствата од надлежните служби.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни