Поминаа 25 дена од прес-конференцијата на обвинителството за пожарот во Кочани, но обвинението сè уште не е достапно за јавноста, предупреди адвокатката Сузана Јосевска-Анастасовска.
Таа во објава на Фејсбук вели дека изречените притвори и другите мерки во изминатиот период може да бидат основа за утврдување на повреда на член 6 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), кој гарантира правично судење.
„Им должите на жртвите и на нивните семејства, ако не на обвинетите, правична и законита постапка“, нагласи Јосевска-Анастасовска.
Нејзината реакција доаѓа во време кога јавноста очекува одговори за трагичниот настан кој го потресе Кочани.