Македонија

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Владата на денешната седница донела одлука за прогласување на кризна состојба во Македонија поради зголемена појава на пожари.

Истата е во траење од 30 дена.

Портпаролката на Владата, Марија Митева истакна дека одлуката е донесена врз основа на денешните седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи поради сложеноста на теренот, високите температури, силните ветрови и ризикот за животната средина.

„Ова на терен значи се овозможува интегриран пристап и координирано дејстување на сите надлежни институции, Армијата, полицијата, противпожарната, Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), како и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси, човечки, технички, логистички, со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението“, кажа Митева

Таа рече дека Владата ќе обезбеди итна и навремена помош за сите засегнати подрачја заради спречување поголеми последици.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни