Пожарот што утрово избувна на депонијата кај Визбегово брзо се шири поради силниот ветер.
Густ црн чад се издигна над Скопје и прекри голем дел од градот, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните.
На терен интервенираат надлежните служби.
Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот.