Македонија

Пет активни пожари во моментов во Скопје – еве каде гори

Пет активни пожари во моментов во Скопје – еве каде гори

Повеќе пожари се активни денеска на различни локации во Скопје и околината. Најсериозна е состојбата во следните општини:

  • Чучер Сандево: во близина на црквата „Св. Никита“ гори ниска вегетација.
  • Шуто Оризари (Визбегово): депонијата сè уште е под оган и пожарникарите се на терен.
  • Станковец: активен е пожар на потегот кон бензинската пумпа „Дизел“.
  • Ѓорче Петров (Волково): пожар во ниска вегетација.
  • Петровец (Катланово): гори сува трева.

Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни, да не палат отпад или сува трева, и при забележан пожар веднаш да ја известат противпожарната служба. Справувањето со пожарите дополнително го отежнуваат високите температури и ветерот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни