Македонија

Добивте порака од ЦУК? Активиран системот за СМС известување – што значи тоа?

Добивте порака од ЦУК? Активиран системот за СМС известување – што значи тоа?

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска спроведе тест на функцијата за масовно испраќање СМС пораки, со цел да се проверат можностите за ваков вид комуникација. Станува збор за пробна порака со која се испитуваат техничките капацитети и процедурите за испраќање на вакви известувања до граѓаните.

Во иднина, ваквиот систем треба да биде дел од поширокиот концепт на т.н. „cell broadcasting“ – масовно испраќање пораки до сите корисници на мобилни телефони во одредена географска област, како дел од мерките за известување и тревожење во случаи на кризни ситуации.

Од ЦУК информираат дека институцијата има законска обврска да го имплементира овој систем и веќе се отпочнати подготовките за изработка на физибилити студија која ќе ги определи техничките, финансиските и организациските аспекти на неговото воведување.

Со „cell broadcasting“, граѓаните би добивале навремени предупредувања за природни непогоди, пожари, земјотреси или други закани по безбедноста, со што значително би се подобриле капацитетите за управување со кризи и заштита на населението.

Инаку, Системот за СМС известување е механизам преку кој државните институции испраќаат итни и важни информации директно до граѓаните преку СМС пораки.

Цел на системот:

Да ги информира и предупреди граѓаните за:

елементарни непогоди (пожари, поплави, земјотреси)

кризни состојби (прогласена кризна состојба, евакуација)

безбедносни закани (затворање патишта, терористички ризици)

здравствени опасности (епидемии, забрани за движење)

временски аларми (црвен метео аларм, силни бури, топлотни бранови)

Како функционира?

Се користи национална мобилна мрежа.

СМС пораката се испраќа до сите активни корисници на мобилна телефонија во одреден регион или на цела територија.

Не е потребна интернет конекција или специјална апликација – доволно е само да имате мобилен сигнал.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни