Дел од територијата на Македонија е под многу висок ризик од појава на пожари, покажува една од трите мапи кои ги објави Центарот за управување со кризи(ЦУК). Во моментот се детектирани само две горливи точки кои оддаваат топлина во околината на селото Николиќ кај Дојран, велат од ЦУК, посочувајќи дека точките се детектирани преку сателитски сензори (MODIS и VIIRS) .
Централниот дел на државата и околината на Куманово имаат многу висок ризик од пожари(означен со црвено), додека останатите делови имаат висок(со портокалово) и среден ризик(со жолто), покажува мапата која го мери Метеоролошкиот индекс на опасност од пожар. Опасноста е на ниско ниво (со зелено) само во подрачката околу планината Шара и други помалку загрозени региони.
„Овој индекс се пресметува врз основа на податоци од автоматските метеоролошки станици на Управата за хидрометеоролошки работи, а вклучува параметри како температура на воздухот, релативна влажност, брзина и правец на ветерот“, велат од ЦУК.