Скопје денеска е целосно блокирано во сообраќајот, особено на излезите од градот. Возачите јавуваат дека за да поминат само 3 километри им треба повеќе од еден час, а колони возила се протегаат на клучните сообраќајници.
Најтешка е состојбата на автопатските излези кон Тетово и Велес, како и на булеварите кои водат кон скопските населби. Граѓаните револтирано реагираат на социјалните мрежи, предупредувајќи на целосен сообраќаен колапс.