Македонија

Убиство од одмазда во Батинци: Одбиена понуда за брак мотив за смртта на 50-годишниот војник!

Убиство од одмазда во Батинци: Одбиена понуда за брак мотив за смртта на 50-годишниот војник!

Министерството за внатрешни работи ја откри причината зад вчерашното трагично убиство кај скопското село Батинци, во кое животот го загуби 50-годишниот А.М.

Како осомничен за убиството е идентификуван Џ.М., кој, според првичните информации, пукал од одмазда бидејќи ќерката на жртвата ја одбила неговата понуда за брак.

Инцидентот се случил вчера претпладне и бил пријавен во полиција во 10:15 часот. Повредениот маж бил веднаш пренесен во Градската болница „Св. Наум Охридски“, но, за жал, им подлегнал на повредите околу 11:00 часот.

Потресни сведоштва пак изнесува 20-годишната ќерка на убиениот, Е.М., која заедно со татко ѝ била на Клиниката за неврологија кога осомничениот се обидел да воспостави контакт со неа.

Девојката изјавила дека подолго време добивала закани и притисоци поради одбивањето да се омажи за Џ.М. По уште една неуспешна обид за комуникација, осомничениот ги пресретнал на патот кон нивниот дом во Батинци, излегол од возило и пукал во таткото.

Од МВР соопштуваат дека случајот се води како убиство со можен елемент на семејно или родово мотивирана омраза, а во тек се сите потребни истражни и форензички постапки за целосно расчистување на околностите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни