Македонија

Ќе се зголеми цената за автопатот Кичево–Охрид, Мицкоски вели не било предвидено во минатото!

Ќе се зголеми цената за автопатот Кичево–Охрид, Мицкоски вели не било предвидено во минатото!

Изградбата на автопатот Кичево–Охрид, дел од Коридорот 8, која со години беше во застој, сега се одвива со забрзано темпо, но проектот ќе бара зголемување на буџетската рамка поради непредвидени трошоци. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека за стабилизација на бројни свлечишта и завршување на клучни делници ќе биде потребно дополнително финансирање.

„За сето ова за што зборувам, ќе треба да се зголеми рамката на кредитот, бидејќи за жал, тоа не било предвидено во минатото“, изјави премиерот.

Проблематични точки на трасата се делот кај селото Ботун со шест свлечишта, како и 17-километарскиот сегмент од тунелите до Кичево, каде се идентификувани уште десет критични свлечишта. Според Мицкоски, проектите за нивна санација се веќе готови и се очекува реализацијата да започне во август.

Иако првите 34–35 километри од автопатот ќе бидат пуштени до крајот на август, целосната делница од 57 километри се очекува да биде завршена најдоцна до првиот квартал од 2027 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни